Адвокатска канцаларија Ариан Имери
01
Кривично
право
Кривичното право ги уредува делата што се сметаат за кривични и ги пропишува казните и мерките за сторителите. Неговата цел е заштита на општеството, правата на граѓаните и обезбедување правна правда.
02
Граѓанско
право
Граѓанското право ги уредува имотно-правните и облигационите односи меѓу физички и правни лица, со цел заштита на правата, обврските и правната сигурност на странките.
03
Административно право
Ариан Имери избран за прв претседател – АЛБАНЕЦ на Здружението на адвокати во Кичево.
Формирањето на Здружението на адвокати во Кичево се очекува да ја зајакне соработката меѓу адвокатите, да ги зголеми професионалните стандарди и да придонесе за развојот на правниот систем во регионот.
Во овој процес беа избрани и делегатите кои ќе го претставуваат Кичево во структурите на адвокатурата. За делегати се избрани Хамдија Адеми Тафа, која воедно ја извршува и функцијата заменик-претседател на републичко ниво во Адвокатската комора, како и Блерим Елезии, Александар Ацески и Маја Ј. Спироска. По автоматизам, за делегат се именува и новоизбраниот претседател на Здружението на адвокати, адвокатот Аријан Имери.
Во меѓувреме, за заменик-претседател е избран Божидар Миноски.
Формирањето на Здружението на адвокати во Кичево се очекува да ја зајакне соработката меѓу адвокатите, да ги зголеми професионалните стандарди и да придонесе за развојот на правниот систем во регионот.
ЗА НАС
Најдобра правна поддршка за вас
ИСКУСТВА
Искуство со нашите клиенти

4000 +
ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
ШТО ПРАВИМЕ
Водечка правна експертиза со 8 години искуство
2019
Отворени од 01.07.2019
Нашата адвокатска канцеларија е посветена на обезбедување стручна, сигурна и доверлива правна поддршка за секој клиент. Со повеќе години професионално искуство, ние го разбираме значењето на индивидуалниот пристап и важноста на секој случај.
Ние нудиме целосно застапување во кривично, граѓанско и административно право, како и во други специјализирани области. Нашата мисија е да ги заштитиме вашите права и интереси со највисок степен на професионализам, етика и посветеност.
Со нас добивате не само правна експертиза, туку и партнер кој ве води низ комплексните правни процеси, обезбедувајќи јасност, ефикасност и доверба на секој чекор. Вашите права се наш приоритет, а задоволните клиенти се најдобрата потврда за нашата работа.